За нив годините како да застанале: Суслина во одбрано друштво во ЛШ (ВИДЕО)

Неколку поискусни ракометарки кои и повеќе од две децении се активни на ракометните терени се најдоа во видеото коешто ги донесе најубавите моменти за 2017 година.

300x250

По примерот на Лигата на шампионите во машка конкуренција каде што имаше многу атрактивни потези од ракометарите коишто имаат 37 и повеќе години и тука се работи за одлични потези, а во одбраното друштво се најде голманката на Вардар, Ина Суслина.

Таа в петок полни 39 години, а со своите игри докажува дека и понатаму може да биде одлична на голот така што Вардар останува да има одлични голманки. Суслина е одлична во тандем со Лејно, а дел од нејзините одбрани се најдоа во видеото од 2017 година.

Дефинитивно се работи за одбрано друштво бидејќи се работи за ракометарки коишто зад себе имаат огромен број на титули и одлични настапи во европските купови, а воедно сите имаат и одлична сезона во своите клубови.