За квалификациите на Исланд: Младинската селекција со ракометарки од три екипи

Селекторот на женската младинска репрезентација на Македонија, Јулијана Дамчевска го скрати списокот за подготовките за квалификациите за Светското првенство до 20 години кое се одржува во Унгарија ова лето.

Македонија ќе игра квалификации на Исланд, а таму покрај домаќинот противници ќе бидат и селекциите на Германија и на Литванија.

На скратениот список се најдоа вкупно 17 ракометарки коишто играт за три екипи. Десет од ракометарките играат за Металург, пет за Вардар и две за Куманово.

Подготовките почнуваат на 19 март, а натпреварите се играат од 23 до 25 март.

СОСТАВ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ДО 20 ГОДИНИ

Јована Мицевска, Слободанка Кицеска, Милица Николиќ, Леонида Гичевска, Ивона Трпевска (Вардар), Амра Илјаз, Јана Калајџиевска, Марија Гугуљанова, Ана Марија Божиновска, Пена Граматова, Марија Тасевска, Марија Гајиќ, Аида Брунчевиќ, Аида Смајлоска, Јована Владева (Металург), Мила Трајковиќ, Јована Кипријановска (Куманово).