За влакно избегната трагедија во БиХ: Познат тренер доживеа срцев удар сред натпревар!

Трагични вести пристигнуваат од Босна и Херцеговина. За време на натреварот помеѓу Дервента и Босна, тренерот на Дервента, Зоран Докиќ доживеал срцев удар.

Докиќ кој е познат по својот темперамент, доста стресно го проследил натпреварот на својата екипа, а кулминацијата следувала пред самиот крај на натпреварот.

Тренерот итно бил пренесен во болницата во Бања Лука каде му биле вградени стентови и му е спасен животот. Состојбата на Докиќ е стабилна и тој не се наоѓа во животна опасност.