Засилувања скроија нов список: ЕХФ не верува во „новиот“ Вардар има друг фаворит за титулата

Во пресрет на новата сезона која почнува в среда неизвесно е кој ќе влезе најподготвен. Многу екипи ги засилија своите редови и со нетрпение го очекуваат почетоткот на сезоната во најквалитетното европско натпреварување.

Ова е претсезонското рангирање на учесниците во Лигата на шампиони според квалитетот кој го имаат со новите засилувања. Вардар заврши многу ниско на 7. место, а на врвот е финалистот Веспрем.

10. MЕШКОВ БРЕСТ

По одличниот старт и разочарувачкиот финиш минатата сезона Мешков повторно оваа година има добар тим. Младиот талентиран тренер Раул Алонсо сега е само на тренерската позиција и има интересен состав засилен со Вилиам Акамбре и Јака Малуш од Целје. Тука се и Шкурински кој се враќа по повредата и Марко Паниќ кој во првиот СЕХА меч имаше седум погодока.

9. МОНПЕЛЈЕ

Минатата сезона ја бранеа титулата, но натпреварувањто го завршија во групната фаза. Оваа сезона ја започнуваат засилени со Жилберто Дуарте и Килиjан Вилемино. Tука е и Мелвин Ричардсон како најдобар играч на екипата и повторно ќе бидат конкурентни.

8. ФЛЕНЗБУРГ

Екипата на Флензбург има добро познат состав. Си замина Лауге, но на негово место пристигна Јурецки кој се очекува да го замени соодветно. Добро ја отворија сезоната во Бундес лигата. Сè уште се непоразени, го овоија и СУпер купот против Кил.

7. ВАРДАР

Би требало местото број еден да биде резервирано за бранителот на титулата, но од Вардар летово си заминаа Милосављев, Карачиќ, Мораеш кои беа клучни играчи минатата сезона. Во новата сезона ќе имаат тешка задача и почетните натпревари ќе покажат дали имаат квалитет за одбрана на титулата.

6. ПИК СЕГЕД

Иако изгледаа како сериозен кандидат за учество на завршниот турнир, беа запрени од освојувачот на шампионската титула Вардар. Тоа би требало да ги мотивира во претстојната сезона стигнат до најголемиот успех. Доаѓањето на Лука Степанчиќ и Роланд Миклер ги прави уште посериозен кандидат за фајнал форот во Келн.

5. КЕЛЦЕ

Тоа што на почетокот на сезоната сите играчи се подготвени за игра е голем напредок во споредба со минатата. Она што го направија лани со толку многу повреди да го исфрлат главниот кандидат за титулата ПСЖ повтроно ги прави кандитати и годинава за највисок пласман. Двајца главни играчи заминаа, Циндриќ и Цупара, но пристигна еднакво добри засилувања на истите позиции, Андреас Вулф и Игор Карачиќ.

4. КИЛ

Филип Јиха го презема тимот од Гисласон и останува да се види како ќе изгледа Кил сезонава. Тие се високо на рангирањето благодарение на изданијата од претходните сезони. Ја започнаа сезоната со победи на Супер Глоуб меѓу кои и победата над Вардар, но во финалето загубија од Барселона. Исто така имаа добро издание во домашниот Супер куп кој го изгубија на пенали.

3. ПСЖ

Дали оваа ќе биде сезоната на ПСЖ? Минатата изгледаа незапирливи, но со еден лош натпревар против Келце пропадна сè што напорно градеа. Жерард, Шипжак и Сигурдсон се одлично надополнување на веќе оформениот состав. Дали најпосле ќе успеат да се искачат на врвот на Европа?

2. БАРСЕЛОНА

Од сите тимови во Лигата на шампиони, Барселона играше најконстантно квалитетено во текот на сезоната, но катастрофалното второ полувреме против Вардар го уништи сонот. Болното искуство на младиот состав веројатно ќе ги направи послилни во оваа сезона, а како најголемо засилување пристигна и Лука Циндриќ. Барселона успешно ја почна сезоната со титула од Супер Глоуб, но дали така ќе заврши останува да видиме.

1. ВЕСПРЕМ

Лауге, Цупара, Мораеш, Борозан… Со овие играчи кои се приклучија на тимот летово Веспрем има моќен состав. Давид Дејвис прилично изненади откако ја презема екипата во текот на минатата сезона. Во пресрет на новата сезона сигурно имаше доволно време потполно да го подготви својот тим и да го прилагоди на посакуваниот стил за да функционира беспрекорно. Со сите овие имиња во составот тешко е во ова рангирање Веспрем да не биде на првата позиција.