Засилениот Астраион не дозволи изненадување против Вардар Неготино

Струмички Астраион во минатата сезона за влакно не успеа да влезе во плеј-офот од Првата лига, но сезонава се чини дека тоа нема да биде случај.

Засилениот тим предводен од Димитар Пандев не дозволи изненадување на домашен терен и славеше против незгодниот Вардар Неготино со убедливи 29-19.

Домаќините има солидна залиха и по првиот дел 15-11, а во финишот по 24-19 постигнаа уште пет голови по ред и го направија триумфот убедлив.

Најдобри стрелци кај победникот беа Кавазов со шест и Касапов со пет погодоци, додека кај неготинци се истакна Стаменов со четири голови.