Зарем некој се сомневаше: Штербик и Циндриќ во изборот за најдобар ракометар на ЕХФ

Вардар ја освои титулата во Лигата на шампионите, па сигурно очекувано дел од неговите ракометари се најдоа во изборот на најдобрите за минатата година на ЕХФ.

Голманот Арпад Штербик и бекот Лука Циндриќ, беа едни од најзаслужните, што „црвено-црниот“ тим се искачи на тронот. За нив можете да гласате ОВДЕ.

Номинирани се уште и Сандер Сагосен (ПСЖ), Хулен Агинагалде (Киелце), Момир Илиќ (Веспрем), Перез Де Варгас (Барселона), Џери Халбек (Иштад) и Мате Лекаи (Веспрем).