„Запознајте го магичниот Вардар – тим со неверојатен дух предводен од легендарниот Стоилов“ (ВИДЕО)

Управниот одбор на регионалната СЕХА лига пред неколку дена конечно ги соопшти сите тимови што ќе учествуваат во новото деветто издание.

Медиа тимот на СЕХА го започна претставувањето на екипите што ќе играат, а нормално дека прв на листата е петкратниот освојувач на оваа лига – Вардар.

„Тие се петкратни освојувачи на трофејот, неверојатен колектив со неверојатен дух! Запознајте ги европските и СЕХА шампиони – магичниот Вардар, предводен од легендарниот капитен Стојанче Стоилов“, се вели во најавата…