Заедно и на терен и дома: Се омажи за 18 години постар тренер на екипата каде што игра

Романската репрезентативка Кристина Замфир, која настапува за романската Мунисипал Крајова, реши паузата да ја искористи за свадба.

Таа се омажи за 18 години постариот тренер на нејзината екипа, Богдан Бурчеа. Тој има 47 години, а таа 29, но годините за нив не претставуваат никаква пречка.

Веројатно нема да си станат досадни еден на друг, со оглед на тоа што ќе бидат и дома заедно, ќе одат на тренинзи заедно и ќе бидат дел од натпреварите…