Загреб пак ќе се „словенизира“

Шампионот на Хрватска го зголемува бројот на словенечки играчи во својот состав. Најновиот ракометар кој ќе се приклучи на екипата е Гашпер Храстник. Очигледно Бранко Тамше во својот тим носи играчи од својата земја кои добро ги познава.

Храстник својата кариера ја започна во Шкофја Лока од каде се пресели во Цимос Копер. Откако се распадна Цимос тој кариерата ја продолжи во Марибор до сезоната 2016/17 каде што беше глаен играч. Од Марибор, Словенецот го прави првиот трансфер надвор од Словенија и заминува во романскиот ЧСМ Букурешт. Претсојот во овој клуб беше многу краток, само една сезона по што договорт му беше раскинат.

Од наредната сезона во Загреб ќе играат словенечките ракометари Александар Шпенде кој пристигна од Металург, Дарко Стојниќ и Алекс Влах кој останува од претходно. На крајот од минатата сезона клубот го напуштија двајца словенци, голманот Урх Кастелиц и Грегор Поточник, но веднаш беа пронајдени нивни соодветни замени.