Загреб го среди Скјерн, остана на чекор до осминафинале

Хрватскиот шампион Загреб според очекувањата, славеше над данскиот Скјерн со 32-29 во 11 коло од Лигата на шампионите и остана во конкуренција за место во осминафиналето.

Скјерн водеше уште од стартот на натпреварот и му даде до знаење на големиот ривал дека тешко ќе стигне до важните бодови од оваа средба.

“Плинарите” едвај стигнаа до минималец на полувреме, 15-14, но како одминуваше времето во вториот дел така домашните го зголемуваа водството.

Хрватскиот првак водеше и со 32-26, но во финишот на мечот гостите се потрудија да го поправат впечатокот и го ублажија поразот до конечни 32-29.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Сршен со девет и Мандиќ со шест погодоци, додека кај гостите се истакнаа Мирхол со осум и Могенсен со шест голови.