Загреб без десни бекови против Металург

На натпреварот против Металург од 14 коло во СЕХА Лигата, хрватскиот шампион Загреб нема да смета на услугите на десниот бек Марио Вуглач. Тој заработи повреда на дуелот од ЛШ против Висла Плоцк и ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната.

300x250

Се работи за руптура на тетивата, па Загреб ќе мора да се снаоѓа без него во следните натпревари од ЛШ, СЕХА и домашниот шампионат. Ако се знае дека од поодамна се без услугите на Давид Миклавчич, на располагање ќе немаат десни бекови.

Златан Сарачевиќ ќе мора да се снаоѓа на оваа позиција со деснорак играч, на натпреварот кој се игра денеска со почеток во 19:00 часот.