Загреб активен на словенечкиот пазар

Екипата на Загреб предводена од новото тренерско име во тимот, Бранко Тамше, продолжува да се подготвува за вториот дел од сезоната. Тимот од главниот град на Хрватска сака да донесе неколку проверени имиња во тимот, а Тамше веќе се активира на словенечкиот пазар.

Клубот веќе го договори Алекс Влах кој сезонава пристигна од Копер. По новиот терк, Загреб сега се врти кон двајца нови талентирани играчи од словенечката лига. Станува збор за пивотмените, Кристијан Беќири и Дарко Стојниќ. Беќири е хрватски репрезентативец кој настапува за Целје, додека Дарко Стојниќ е Словенец, кој има важна улога во Горење. Двајцата би требало да пристигнат следната сезона.

Покрај овие, Загреб за следната сезона го договори Матеј Ашанин, а клубот ќе го напушти Урх Кастелиц. Тимот ќе остане и без Сењамин Буриќ кој оди во Сесон Рен, односно Тин Контрец, кој се сели во Гумерсбах.