Заврши 4. коло на СП: Во групата А поминаа селекциите од Европа

После 4. коло беше потврден пласманот во осминафиналето на уште неколку селекции, па утре останува само да се довршат задачите и да станат јасни сите осминафинални двојки.

Според игрите прикажани денеска во групата А е веќе јасно кои четири состави одат во елиминациите, а тоа се селекциите од Европа. Во групата Б, двете земји од Скандинавија си обезбедија место меѓу најдобрите 16, па утре ќе биде прашањето кои две од Унгарија, Чешка и Полска ќе им се приклучат во трката за највисок пласман.

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО – ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ ОД 4. КОЛО

ГРУПА А

ПАРАГВАЈ – СЛОВЕНИЈА             22:28 (9:18)

РОМАНИЈА – АНГОЛА  27:24 (14:14)

ШПАНИЈА – ФРАНЦИЈА               25:25 (10:11)

ТАБЕЛА: 1. Романија 8 бода (106:86); 2. Словенија 6 (112:101); 3. Франција 5 (109:81); 4. Шпанија 5 (102:83); 5. Ангола 0 (92:113), 6. Парагвај 0 (67:124).

ГРУПА Б

ПОЛСКА – УНГАРИЈА    28:31

ШВЕДСКА – АРГЕНТИНА              38:24 (17:13)

ЧЕШКА – НОРВЕШКА    16:34 (7:20)

ТАБЕЛА: 1. Норвешка 8 (135:79), 2. Шведска 6 (129:111); 3. Унгарија 4 (108:98); 4. Чешка 4 (105:117); 5. Полска 2 (106:125); 6. Аргентина 0 (82:135).