Заврши уште една приказна: Вардар ја спушти завесата со 6. титула (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометарките на Вардар ја потврдија и 6. круна во првенството, а после овој триумф останува едно прашање. Неизвесноста е дали победата над Металург од 49:24 е последната на вардарки во првенството и дали титулата освоена денеска е последната во најсилната лига.

300x250

Вардар од следната година ќе има поинаков лик, но има доволно време за да се создава тимот за во иднина. Засега е јасно дека вардарки денеска ја освоија 6. првенствена титула со што само го зацврстија 2. место на вечната листа каде ѓорчепетровки остануваат и понатаму недопирливи. Тие имаат дури 17 титули, додека третиот тим кој има трофеј во првенството е Металург со три.

Денешното финиширање на сезоната го најавува и крајот на сите натпревари на домашна сцена. Останува уште да се одигра завршницата од Купот в сабота и в недела во Скопје, па тогаш ќе биде комплетно завршена оваа ера на женскиот тим на Вардар.