Заврши танцот на Швеѓанките: Холандија се радува на бронзениот медал

Во првиот натпревар од финалниот ден на Светскиот шампионат за жени кој изминатите две седмици се одржува во Германија, Холандија беше поуспешна од Шведска и со конечен резултат 21-24 го обезбеди бронзениот мундијалски медал.

Одличен почеток имаа шведските ракометаркипа воведниот притисок го искористија за да ја преземат контролата над резултатот. Холандија не можеше да се прилагоди на остриот критериум и по само пет минути веќе имаше две суспендирани ракометарки. Тоа го искористија шведските репрезентативки и поведоа со 4-2. Но откако силите на теренот се израмнија расположените ракометарки на Хеле Томсен го започнаа својот поход кон нов медал од големите натпреварувања. Низата од три голови во средината на првиот дел им овозможи да ја превземат контролата над резултатот, а разиграната Абинг и солидниот голман Вестер во 25. минута ја одведоа Холадија на високи 6-11, Шведска од пенал линијата успеа за момент да го запре налетот на противникот, но до крајот на полувремето Холаѓанките зголемија на 8-14.

Почетокот на второто полувреме го одбележа новиот бран на шведската репрезентација. Мотивот беше причина за одличната игра во одбрана, па иако голманите не блескаа, агресивната игра во одбрана Швеѓанките ја искорстија за да се вратат во натпреварот. Кога шведските ракометарки ја запреа Абинг, разликата започна да се намалува, на средина од вториот дел го израмнија резултатот на 16-16 преку Мелгард, а минута подоцна Санд ја врати Шведска во водство. Во 48. минута Холандија остана без нивниот најдобар ракометар во одбраната, Ивет Брох која ја напушти играта откако заработи и трето исклучување на натпреварот, затоа Шведска преку Гулден за прв пат по 8. минута поведе со два гола предност (18-16). Но наместо да ја наметнат својата игра репрезентативките на Шведска им дозволија на Холанѓанките да се вратат во игра и повторно да го израмнат резултатот на 18-18. Неизвесноста траеше до самиот крај на натпреварот, Шведска го контролираше резултатот до 57. минута, но одличната Вестер го одбрани пробивот на Робертс, а веднаш на спротивната страна Малестин беше најбрза за ново холандско водство и продолжување на драмата. По тајм аутот на Сигел, Мелегард ја погоди стативата, а Полман стави крај на шведските надежи за бронза и со два погодока и донесе недстижна предност на својата репрезентација од 20-23. Гулден од пенал го намали резултат но Малестин стави точка за конечни 21-24.

Во големото финале Норвешка ќе ја брани титулата против незгодната Франција, натпреварот е закажан за 17:30 минути.

Шведска 21-24 Холандија (8-14)

Шведска: Бундсен(5 одбрани), Иден(6 одбрани); Тофт Хансен, Мелегард 3, Екенман-Фернис, Строемберг 1, Робертс 2, Санд 1, Густин, Вестберг 1, Лагерквист 3,Гулден 6, Бломстранд 3, Хагман, Јакобсен, Алм

Тренер: Хенрик Сигнел

Исклучувања: 2

Холандија: Јанковиќ, Вестер(14 одбрани): Крамер, Ван дер Хејден, Бонт, Абинг 8, Снелдер, Книпенборг, Брох 4, Грот, Дулфер, Сметс 3, Роземален, Малестајн 4, Ван дер Висел, Полман 5

Селектор: Хеле Томсен

Исклучувања: 6