Заврши сезоната за Андреа Човиќ

Хрватската репрезентативка во редовите на Вардар, Андреа Човиќ има повреда на коленото и ќе биде надвор од ракометните терени во следните два месеци. Таа со сигурност ќе ги пропушти последните три дуели од главната фаза во ЛШ и четвртфиналето.

Раководството на македонскиот тим е пред потпис со српската интернационалка Марија Петровиќ, која ќе има право за настап во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Иако Петровиќ го потврди доаѓањето во Вардар, од клубот велат дека се уште не е постигнат договор.

„Мал е бројот на квалитетните играчи во овој момент. Ние сме во преговори со Марија Петровиќ од Извор и се надеваме дека трансферот ќе се реализира во следните денови. Доколку потпише за Вардар ќе има можност за настап во четвртфиналето.“ – изјави претседателот на клубот, Гордана Нацева.

Доколку дојде во Вардар, српската интернационалка заедно со Алтхаус ќе ја сочинуваат двојката на пикерската позиција.