Заврши паузата за европскиот првак: Вардарци ги „запалија моторите“ во Јане Сандански

Ракометарите на Европскиот првак, Вардар, кои не се дел од некоја репрезентација и во моментов се слободни ги завршија своите денови предвидени за одмор и од денеска се одново на тренинг.

300x250

Собирот денеска беше одржан во СЦ „Јане Сандански“ каде што веќе почнаа тренинзите, а на првиот тренинг беше и Раул Гонзалес којшто веќе в четврток ќе биде во Хрватска каде што ќе има обврски со репрезентацијата на Македонија на Европското првенство.

„Задоволен сум од тоа како го одработивме првиот дел од сезоната во сите натпреварувања. Имавме одлични резултати и во Лигата на шампионите и во СЕХА-лигата. На прво место сме и во двете натпреварувања. Во СЕХА веќе можеме да се подготвуваме за фајнл-фор турнирот. Во Лигата на шампионите сме во добра позиција, но ни следуваат тешки средби против Барселона и Нант на гостување така што ни претстои тежок период“, вели Раул Гонзалес.

Со оглед на тоа што Раул нема да биде со своите ракометари во следните две недели ќе може дури после Европското првенство да ги финишира подготовките за финишот од групната фаза и во двете натпреварувања во кои ја брани титулата.