Заврши европската приказна на Е. Работник

Ракометарите на Е. Работник загубија и во реванш дуелот од осминафиналето на Челинџ Купот. Избраниците на Илија Темелковски играа одлично во првиот дел, но катастрофалниот втор дел беше причина за на крај поразот од Филинген Берген да биде и убедлив, 36:28.

300x250

Крстевски и Ојлески донесоа плус 4, 10:14, но во финишот на полувремето домашните стигнаа до негатива само од 1 гол, 15:16. Лошиот финиш на првиот дел, остави големи траги на ракометарите на битолскиот тим и по само десетина минути со серија од 11:3, веќе беше 26:19, па немаше назад.

Не помогнаа ниту тајм-аутите на Илија Темелковски, техничките грешки само се зголемуваа, а домашните ги казнуваа со лесни голови во контранапади, па до крајот се играше повеќе или помалку формално за конечни 36:28.

Најефикасни во тимот на Еурофарм Работник, кој во првата сезона во Европа го мина литванскиот Каунас, беа Крстевски со7, Ојлески со 6 и Граџан со 5 погодоци, додека кај Филинген Берген се истакнаа Матиќ со 8 и Хвидтсен со 7 голови.