Заврши анкетата на 24Ракомет: Кој треба да биде наследникот на Червар според читателите на 24Ракомет?

Македонската ракометна федерација деновиве има тешка задача во краток период да ја пополни ненадејно испразнетата селекторска функција. Машката сениорска репрезентација остана без својот кормилар откако Лино Червар замина од таа позиција и ја прифати новата селекторска функција во Хрватска.

24Ракомет на почетокот на минатата седмица објави анкета на која читателите имаа можност да го дадат својот глас за еден од потенцијалните кандидати кои би сакале да ја наследи селекторската фотелја.

Во анкетата учествуваа речиси 2700 ракометни фанови, а најмногу гласови обезбеди поранешниот македонски репрезентативец Стевче Алушовски, или 37.5% од вкупниот број гласови. На втората позиција заврши актеулниот тренер на Вардар и најсериозен кандидат за селекторската позиција, шпанскиот стратег Раул Гонзалес со освоени 30% од вкупниот број гласови.  Трет по бројот на гласови е тренерот на Еурофарм Работник, Андон Бошковски кој освои 6.4%, а веднаш зад него е поранешниот македонски селектор Звонко Шундовски со 6.1%.

Во продолжение се резултатите од анкетното прашање „Кој би сакале да биде новиот селектор на Македонија?“