Завршија подготовките, пред младинците мундијалски предизвик во Алжир (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската младинска репрезентација ги заврши подготовките за Светското првенство во Алжир. Избраниците на Илија Темелковски утринава го одработија последниот тренинг пред заминувањето на мундијалот. Македонската експедиција започнува нов предизвик, амбициите се високи, а квалитетот на младинската селекција ја сместува некаде кон врвот на шампионатот.

За поминување на групната фаза потребни се победи, а тоа може да се оствари само доколку младинците играат како тим. Токму во тимската игра беа насочени критиките по дуелите со Катар затоа селекторот Темелковски последните денови работеше на подигнување на тимскиот дух.

Атмосферата е добра, контролките со Катар покажаа некои недостатоци на кои мора да се работи пред првиот дуел во Алжир против Русија на 18 јули.