Завршија надигрувањата, 20 земји си обезбедија виза за ЕП 2020

После комплетирањето на натпреварите од квалификациите за Европското првенство за 2020 година веќе е јасно кои се селекциите кои обезбедија место во завршницата односно кои се 24 земји кои ќе играат на шампионатот.

Покрај трите домаќини и актуелниот Европски првак Шпанија кои одат директно таму се најдоа и сите селекциите од квалификациите кои финишираа на 1. и 2. место од осумте квалификациски групи. Воедно место имаше и за БиХ, Србија, Холандија и Украина од третопласираните со што е затворен списокот.

За Македонија дека ќе игра на ова ЕП беше познато после победата против Турција иако уште бодовите од дуелите со Исланд значеа голем чекор до шампионатот.

Сите резултати од 6. коло и конечните табели можете да ги видите во продолжение.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2020

РЕЗУЛТАТИ ОД ПОСЛЕДНО 6.КОЛО

ГРУПА 1

ПОЛСКА – ИЗРАЕЛ          26:23

Морито 8, Подсијадло 4, Крајевски 3 – Хершковиц 5, Хамами 4, Леви 4

ГЕРМАНИЈА – КОСОВО 28:17

Гола 6, Михалчик 5, Вебер 5 – Терзиќи 8, Куни 4, Хоџа 2

ТАБЕЛА: 1. Германија 12 бода (190:119); 2. Полска 5 (152:139); 3. Израел 4 (148:178); 4. Косово 3 (118:172.

ГРУПА 2

СРБИЈА – ШВАЈЦАРИЈА           32:31

Радивојевиќ 8, Црноглавац 6, Кукиќ 6 – Шмид 6, Тиновски 6, Кутел 4

ХРВАТСКА – БЕЛГИЈА  28:19

Мандиќ 5, Мраковчиќ 5, Сршен 4 – Б. Кеџиора 4, Боларс 3, Д. Кеџиора 3

ТАБЕЛА: 1. Хрватска 11 бода (174:148); 2. Швајцарија 6 (180:167); 3. Србија 6 (168:165); 4. Белгија 1 (144:186).

ГРУПА 3

МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА              27:23

Лазаров 6, Пешевски 5, Талески 5 – Цирас 6, Домприс 4, Илиопулос 4

ИСЛАНД – ТУРЦИЈА       32:22

Елисон 11, Гунарсон 6, Ејнарсон 3 – Озтурк 6, Пеливан 5, Ерсин 34

ТАБЕЛА: 1. Македонија 9 бода (168:160); 2. Исланд 8 (185:151); 3. Турција 4 (148:167); 4. Грција 3 (145:168).

ГРУПА 4

ХОЛАНДИЈА – ЛЕТОНИЈА        25:21

Шаген 4, Стајнс 4, Јери 3 – Весаков 5, Дуде 4, Политерс 4

СЛОВЕНИЈА – ЕСТОНИЈА        32:28                    

Маргуц 7, Габер 6, Благотиншек 4 – Том 8, Силасте 6, Целминс 3

ТАБЕЛА: 1. Словенија 10 бода (171:143); 2. Летонија 8 (150:143); 3. Холандија 4 (167:159); 4. Естонија 0 (142:185).

ГРУПА 5

ЧЕШКА – БИХ       23:24

Петровски 7, Бабак 4, Хрстка 4 – Прце 9, Буриќ 4, Овчина 3

БЕЛОРУСИЈА – ФИНСКА          40:15

Баранау 5, Гајдученко 5, Лукјанчук 5 – Сундберг 4, Броман 2, Гранлунд 2

ТАБЕЛА: 1. Чешка 8 бода (161:150); 2. Белорусија 6 (182:146); 3. БиХ 8 (160:153); 4. Финска 0 (131:185).

ГРУПА 6

ПОРТУГАЛИЈА – ЛИТВАНИЈА     28:28

Бранкињо 3, Брито Дуарте 3, Боргес 3 – Думчиус 9, Урбонас 6, Барбаскас 4

ФРАНЦИЈА – РОМАНИЈА          34:25

Порт 6, Ремили 6, Гигу 5 – Бузле 5, Манеску 5, Боцеа 4

ТАБЕЛА: 1. Франција 10 бода (204:147); 2. Португалија 9 (154:143); 3. Литванија 3 (142:182); 3. Романија 2 (129:157).

ГРУПА 7

УНГАРИЈА – ИТАЛИЈА  32:29

Јухач 5, Роста 5, Шита 5 – Буллзамини 7, Сонерер 7, Морети 4

РУСИЈА – СЛОВАЧКА    30:20

Сорока 5, Косоротов 4, Котов 4 – Бријатка 6, Мачак 5, Ковачех 3

ТАБЕЛА: 1. Унгарија 11 бода (161:135); 2. Русија 9 (158:132); 3. Италија 4 (146:172); 4. Словачка 0 (129:155).

ГРУПА 8

ЦРНА ГОРА – УКРАИНА            27:21

Чавор 5, Липовина 4, Шеваљевиќ 4 – Акименко 6, Денисов 5, Гурковски 4

ДАНСКА – ФАРСКИ ОСТРОВИ           31:24

Андерсон 7, Холм 7, Браминг 6 – Јохансен 7, Гунарсон 3, Хилдарсон 3

ТАБЕЛА: 1. Данска 10 бода (197:153); 2. Црна Гора 7 (157:163); 3. Украина 6 (161:159); 4. Фарски острови 1 (131:171).