ЖРК Вардар го освои второто место на турнирот во Кикинда

Втората екипа ЖРК Вардар продолжува со одлчичните резултати во подготвителниот период. Тимот предводен од Симе Симовски беше дел од ракометниот турнир во Кикинда. Претходно младите Вардарки имаа и неколку тест натпревари во Аранѓеловац. Во Кикинда, ЖРК Вардар забележа три победи и еден пораз. Во првиот натпревар беше поразен минимално од домашната екипа Кикинда со резултат 27:26 (12 – 11). Во вториот и третиот контролен натпревар “црвено-црните” беа убедливи против екипите на Петроварадин со 31-17 (18-11) и Пролетер 39-29 (21-11). Турнирот во Кикинда вардарки го завршија со победа против екипата на Врбас со 20-17 (13-10).
За екипата на ЖРК Вардар на овој турнир  не настапија Теодора Керамитчиева, Ивана Маневска, Клаудија Георгиевска и Николина Бојаџиска.