Жозе Толедо за 24Ракомет ТВ: Кога ќе ве побара Вардар единствен одговор е ДА! (ВИДЕО)

Бразилскиот репрезентативец Жозе Гиљерме де Толедо ги започна подготовките со Вардар иако неговиот националниот тим, Бразил игра важно натпревари на Пан Американските игри за пласман на Олимписките игри во Токио. Сепак Толедо одлучи да му се посвети на Вардар и ќе биде дел од „цврено-црните“ уште од самиот почеток.

Во полскиот вицепрвак Висла Плоцк помина четири сезони. Иако го продолжи договорот во март, реши дека сака промена во кариерата, а за повикот од Вардар вели „Кога те бара Вардар одговорот секогаш е ДА!“. Целосната изјава на Жозе Толедо на првиот ден од подготовките на Вардар можете да ја погледнете во продолжение.

 

Де Толедо потекнува од Сао Паоло, каде што почнал да игра ракомет во локалниот клуб Ипатема. Во 2013 година добива шанса да игра на Светското првенство за кадети во Унгарија и го завршува турнирот како прв стрелец со 64 голови. Следното лето, во 2014 година, потпишува три годишен договор со шпанскиот Гранољерс, но таму не се задржа долго. Во првата сезона во европскиот ракомет, Толедо постигна 107 голови на 27 меча во сите конкуренции, па веднаш стана главен играч во Гранољерс. Не го доработи договорот со шпанскиот тим, па се пресели во Висла и во деби сезоната во Лигата на шампионите постигна 30 голови, а вкупно 82 во сите конкуренции. Во наредните две години ќе настапува за актуелниот шампион Вардар.