Женскиот Ф4 во Лигата на шампионите ќе се игра во Будимпешта до 2024 година!

Како и во последните шест години, така и во следните пет, завршниот турнир во женската Лига на шампиони ќе се игра во унгарската престолнина Будимпешта. Салата „Ласло Пап“ ќе ги нагости најдборите четири женски екипи до 2024 година!

Денеска пред стартот на Европското првенство за ракометарки до 19 години, беше потпишан договорот меѓу Европската ракометна федерација и градот Будимпешта за продолжување на соработката за уште четири години.

Македонија имаше претставник на првите пет изданија на Ф4, но Вардар ниту еднаш не ја освои титулата, иако два пати играше во финалето на турнирот. Собирот на најдобрите четири екипи во претстојната сезона ќе се одржи на 9 и 10 мај 2020 година.