Женска лига: Четири екипи во трка за 2. место

Одигрувањето на 12. коло во Женската лига покажа дека четири екипи до крајот на сезоната ќе се борат за 2. позиција, а тоа ќе биде голема трка во која само еден ќе може да се пофали дека успеал да финишира веднаш зад шампионот Вардар.

300x250

Засега Металург е во предност иако загуби на гостувањето кај Куманово. Има бод предност во однос на Вардар јуниор, тим кој врза четири победи во серија. Следува Пелистер со бод помалку од малите вардарки, додека Куманово има бод помалку од битолчанки.

Со оглед на тоа што разликата меѓу Металург и Куманово односно меѓу 2. и 5. позиција е само три бода јасно е дека ќе биде многу неизвесно во продолжението од сезоната.

ЖЕНСКА ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ ОД 12. КОЛО

ОВЧЕ ПОЛЕ – ГЕВГЕЛИЈА      25:25

КУМАНОВО – МЕТАЛУРГ     23:22

ДЕСПИНА – ВАРДАР ЈУНИОР          25:30

ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР            23:39

Ж