Женска лига: Градска пресметка меѓу дебитантите Спартак и Цемс

Второто коло од Женската лига стартуваше пред два дена. Составот на Куманово ја совлада Гевгелија во четвртокот и ја одработи својата задача, па викендов ќе може мирно да ги следи резултатите од другите средби.

Затоа, пак, средбите од 2. коло продолжуваат денеска, а Металург е голем фаворит за победа против тимот на Деспина на средбата која се игра во Автокоманда. Ракометарките на Металург после игрите против Иси Париз во Купот на ЕХФ се посветуваат на задачите од домашното првенство и јасно е дека тука ќе се види вистинското лице на екипата која според многумина е прв фаворит за титулата.

Пелистер ќе биде на незгодно гостување во Струга и тоа во текот на утрешниот ден, додека денеска и младите вардарки ќе имаат гостување во Свети Николе. После играта покажана во 1. коло за очекување е да се види одново интересен ракомет и овој пат Вардар може да се надева и на победа.

Што се однесува до дербито на колото тоа ќе биде вечервар меѓу Спартак и Цемс. Двете нови екипи во Женската лига ќе се пресметаат во Кисела вода така што ова ќе биде показателот кој тим има поквалитетен состав во моментов.

ЖЕНСКА ЛИГА

2. КОЛО

КУМАНОВО – ГЕВГЕЛИЈА            30:21

САБОТА, 15 СЕПТЕМВРИ

12:00ч

МЕТАЛУРГ – ДЕСПИНА

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Иво Георгиевски и Игор Наумовски од Скопје. Делегат: Зоран Кимовски од Скопје.

18:30ч

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ВАРДАР

Сала: „Цар Самоил“ во Свети Николе. Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Делегат: Илија Цветкоски од Прилеп.

19:30ч

СПАРТАК – ЦЕМС

Сала: ОУ „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Адријана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Златко Локвенец од Скопје.

НЕДЕЛА, 16 СЕПТЕМВРИ

14:00ч

СТРУЖАНКА – ПЕЛИСТЕР

Сала: „Нико Нестор“ во Струга. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Цано Куртовиќ од Скопје.

ТАБЕЛА: 1. Куманово 4 бода (60:51); 2. Металург 3 (32:18); 3. Пелистер 3 (33:23); 4. Деспина 3 (29:19)…