Женска лига: Вардарки се израмнија со Куманово

Натпреварите од 6. коло во Женската лига донесоа едно изненадување, а во него „настрада“ тимот на Куманово кој после стартното реми против Вардар, кое го обезбеди во последните секунди, сега претрпе пораз од составот на Стружанка.

Овој пораз на кумановки го искористија младите вардарки кои успеаја да се изборат за три бода против Гевгелија и на тој начин и да се израмнат со Куманово според бројот на бодови после 6. коло.

Воедно ова значи дека првенството добива на возбудувања и сигурно ќе има што да се види и на следните дуели, а нема да биде изненадување ако има поместување на табелата веќе во некое од следните кола.

ЖЕНСКА ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ ОД 6. КОЛО

ОВЧЕ ПОЛЕ – СПАРТАК                18:34 (извештај)

ДЕСПИНА – ЦЕМС          34:31 (извештај)

СТРУЖАНКА – КУМАНОВО        21:20 (извештај)

ВАРДАР – ГЕВГЕЛИЈА    31:22 (извештај)

МЕТАЛУРГ – ПЕЛИСТЕР               30:24 (извештај)

ДВОЈКИ ЗА 7. КОЛО (13/14.10.2018)

СПАРТАК – МЕТАЛУРГ

ЦЕМС – ВАРДАР

КУМАНОВО – ОВЧЕ ПОЛЕ

ГЕВГЕЛИЈА – СТРУЖАНКА

ПЕЛИСТЕР – ДЕСПИНА

ТАБЕЛА: 1. Металург 18 бода (187:114); 2. Куманово 13 (175:132); 3. Вардар 13 (179:139); 4. Стружанка 10 (126:133); 5. Пелистер 9 (181:155); 6. Спартак 7 (147:158); 7. Деспина 6 (145:155); 8. Гевгелија 6 (141:162); 9. Цемс 6 (152:184); 10. Овче Поле 0 (110:211).