Женска лига: Вардарки сакаат реванш против Металург

Екипата на Вардар која сезонава настапува со млади сили денеска ќе има нов тест на можностите, а тоа ќе се случи на дуелот кој се игра во Автокоманда каде екипата на Металург е домаќин на меч кој ќе значи многу за понатаму во трката за првата позиција.

Металург е фаворит пред почетокот на средбата, но Вардар демонстрира дека има напредок во формата и затоа ова може да биде интересен натпревар. Металург беше единствениот тим што во првиот круг успеа да му нанесе пораз на Вардар, па затоа сега „вардарки“ се на потег и ќе се обидат да се реваншираат.

ЖЕНСКА ЛИГА

ДВОЈКИ ЗА 12. КОЛО

САБОТА, 10.11.2018

15:00ч

СТРУЖАНКА – ДЕСПИНА

Сала: „Нико Нестор“ во Струга. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

16:30ч

МЕТАЛУРГ – ВАРДАР

Сала: Автокоманда во Скопје. Судии: Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

20:00ч

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ГЕВГЕЛИЈА

Сала: „Цар Самоил“ во Свети Николе. Судии: Војо Христовски и Бобан Мајнов од Скопје. Делегат: Сашо Младенов од Скопје.

ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИ

КУМАНОВО – ЦЕМС 2018

Сала: Перо Наков во Куманово. Судии: Иво Ѓорѓиевски и Игор Наумовски од Скопје. Делегат: Златко Локвенец од Скопје.

СПАРТАК – ПЕЛИСТЕР

Сала: Круме Кепески во Скопје. Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Митко Ѓорѓиевски од Скопје.

ТАБЕЛА: 1. Металург 27 бода (328:224); 2. Куманово 25 (309:210; -1 меч); 3. Вардар 25 (334:248); 4. Стружанка 22 (237:223; -1 меч); 5. Пелистер 18 (313:246; -1 меч); 6. Спартак 14 (282:306); 7. Деспина 10 (262:301); 8. Гевгелија 9 (240:272; -1 меч), 9. Цемс 6 (268:345); 10. Овче Поле 0 (204:402).