Женската супер лига ќе стартува на 27 септември

Женската супер лига за сезоната 2014/15 ќе започне на 27/ 28 септември.  Шест тимови ќе бидат дел од новото натпреварување, а нови суперлигаши се ЖРК Пелистер од Битола, и ЖРК Ѓорче Петров. Актуелниот шампион ЖРК Вардар со својот дрим-тим нема да има конкурент во новата сезона со оглед на тоа дека нивниот ривал од Автокоманда значително ја подмлади екипата. Сите останати тимови подеднакво конкурираат за второто место.

Се уште не е познато дали ќе настане фузија меѓу Жито Прилеп и ракометниот клуб 107 од Прилеп. Прилепчанки подготовките за новата сезона ги започнаа во понеделникот, а екипата претрпе голем број на измени. Првиот натпревар од новата сезона Жито Прилеп ќе го одигра против составот на Индира Кастратовиќ во првото коло. Новиот суперлигаш ЖРК Пелистер предводен од новиот тренер Борче Марковски во својот тим има неколку искусни ракометарки. Во новата сезона ЖРК Пелистер во првото коло гостува во Ѓорче Петров. По пауза од три години конечно љубителите на ракометот во Ѓорче Петров ќе имаат можност да гледат суперлигашки натпревари, иако во лигата има само шест клубови, од кои четири ракометни клубови се од градот Скопје. Дерби натпревар во првото коло ќе биде меѓу ЖРК Вардар и ЖРК Металург. Фаворитската улога за второто место се уште е на страната на ЖРК Металург.

ПРВО КОЛО (сезона 2014/15)

Жито Прилеп – ЖРК Вардар

ЖРК Вардар(втор тим) – ЖРК Металург

ЖРК Ѓорче Петров – ЖРК Пелистер