Женската лига станува побројна – неколку најави за нови клубови

Во новата сезона Женската лига нема да биде со десет екипи. Засега уште не се знае точната бројка, но дефинитивно е јасно дека ќе има зголемување на бројот бидејќи има најави за пријави на нови клубови.

Досега има најави за барем четири други состави кои би се приклучиле, но постои голема можност бројката да биде и уште поголема бидејќи пријавувањето на клубовите за новата сезона е отворено до 30 јуни.

Со оглед на тоа што постои заинтересираност за играње и кај истите клубови од лани, а барем четири заинтересирани нови тимови сосема извесно е дека лигата ќе биде побројна и во новиот шампионат ќе има далеку повеќе средби и сигурно поинаков формат од последната сезона.