Железничар со четири нови имиња ќе нападне во деби сезоната во СЕХА

Подготовките на тимот на Железничар од Ниш стартува со подготовките за новата сезона со желба за големи успеси, а во составот има четворица нови ракометари кои треба барем да го задржат квалитетот и да донесат и поголема конкуренција.

300x250

Станува збор за талентираните Павле Бандука кој игра на позицијата десно крило, средниот бек Александар Павловиќ, 23-годишиот Дејан Бабиќ и Стефан Јанковиќ кој се очекува да го пополни местото на Младен Крсманчиќ.

Бандука се афирмираше во дресот на Динамо од Панчево и има искуство од натпреварите од СЕХА лигата како и од плеј–офот од српската Супер лига. Бандука пристигнува како замена за Милан Ѓукиќ кој го засили нашиот Е. Работник.

Павловиќ доаѓа од екипата на Бела Паланка, тим кој се натпреварува во Втората српска лига, каде што беше најдобар стрелец. По природа е играч од позицијата среден бек, но знае и добро да одигра на позицијата лево крило.

Дејан Бабиќ е довчерашен играч на Црвена Ѕвезда кој ја засилува најтенката позиција во тимот, а тоа е местото на пивот. Овој талентиран пивотмен е сериозен кандидат да го облече дресот на Србија на Медитеранските игри во Шпанија.

Замената за Младен Крсманчиќ пристигнува од екипата на Татран Прешов. Јанковиќ во својата кариера може да се пофали со искуство од Светското првенство во 2015 година каде ги бранеше боите на БиХ.

Инаку, за Железничар се вели дека е „македонски“ тим бидејќи во него во раководството има тројца поранешни членови на Металург. Тренер е Јошко Петковиќ (тој тренираше и неколку други екипи во Македонија), а таму се и Иван Шмигиќ (играше и во Металург и во Вардар), како и Левче Китевски.