Ждрепка за СП: Црна Гора и Србија во „европските“ групи

Рано утринава по македонско време, во јапонскиот град Кумамото беше извршена ждрепката на групите од престојниот Мундијал во женска конкуренција.

Домаќинот Јапонија ја избра групата Д, каде ќе има шанси за пласман во осминафиналето и ќе се бори со Кина, Конго и Аргентина, ако се знае дека Русија и Шведска се големи фаворите.

Црна Гора и Србија ќе бидат во „европските“ групи, каде се очекуваат интересни дуели, токму меѓу селекциите од Стариот континент.

Група А: Куба, Ангола, Словенија, Норвешка, Холандија, Србија
Група Б: Австралија, Бразил, Јужна Кореја, Данска, Франција, Германија
Група Ц: Казахстан, Сенегал, Шпанија, Унгарија, Романија, Црна Гора
Група Д: Конго, Аргентина, Кина, Шведска, Русија, Јапонија

Франција ја брани светската титула освоена на домашен терен во 2017 година, а Мундијалот почнува на 30 ноември и ќе трае до 15 декември.