Ждрепка за ЛШ: Вардар во група со Монпелје, Барселона…

Ракометарите на Вардар немаа среќа во ждрепката и добија група во која секое коло ќе носи голем број на дерби натпревари и ќе мора на секој дуел да се оди на максимум и да се бараат бодови на секој дуел.

Составите на Келце, Барселона, Веспрем, Монпелје, Рајн Некар… се доказ дека секој викенд ќе има возбудлив дуел за Вардар, а тоа значи дека ќе има силни дуели на кои ќе мора да се користи секоја шанса за победа.

Ако се земе предвид и фактот дека и Мешков Брест и Кристијанштад не се екипи кои треба да се потценат тогаш е јасно дека нема да има лесен дуел во оваа сезона во групите А и Б од Лигата на шампионите.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – МАЖИ

ГРУПА А

ВАРДАР (Македонија)

КЕЛЦЕ (Полска)

БАРСЕЛОНА (Шпанија)

МЕШКОВ БРЕСТ (Белорусија)

ВЕСПРЕМ (Унгарија)

МОНПЕЛЈЕ (Франција)

КРИСТИЈАНШТАД (Шведска)

РАЈН НЕКАР (Германија)

ГРУПА Б

ПСЖ (Франција)

ПИК СЕГЕД (Унгарија)

ФЛЕНЗБУРГ (Германија)

СКЈЕРН (Данска)

ППД ЗАГРЕБ (Хрватска)

МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ (Украина)

ЦЕЛЈЕ ПЛ (Словенија)

НАНТ (Франција)