Ждрепката за квалификациите – вовед во новата сезона на Лигата на шампионите (ФОТО)

Денеска беше отворена новата сезона во Лигата на шампионите, со првата ждрепка за квалификациските турнири во двете конкуренции, што е практично предигра на ждрепката за групната фаза, која ќе се одвива во текот на утрешниот ден во Љубљана.

Последните два тима, кои ќе бидат потенцијални противници на ракометарките на Вардар од четвртиот шешир ќе ги дознаеме, откако ќе бидат познати освојувачите на двата квалифициски турнири. Осум екипи се ќе се борат за последните два билети во елитата, а полуфиналните дуели се формираат по моделот 1-4, 2-3.

Победниците ќе играат во финалето, а оној тим што ќе слави на тој дуел, ќе се пласира во Лигата на шампионите, и добива место во четвртиот шешир пред ждрепката. Двата квалификациски турнири ќе се играат викендот 9 и 10 септември, а правото да добијат организација, први го имаат Кристијансанд и Турингер.

Група 1, полуфинале:
Кристијансанд – Гомел
Подравка – Кастамону

Група 2, полуфинале:
Турингер – Атлетико
Хипо – Хор

Во машка конкуренција ќе има само еден квалификациски турнир, а и таму е одреден составот на групата и познати се полуфиналните двојки. Правото за организација, прв го доби австрискиот првак Алпла Хард, кој во полуфиналето ќе игра против тимот на Татран Прешов. Квалификацискиот турнир ќе се одигра на 2 и 3 септември, а победникот од него ќе обезбеди место во ЛШ, но во послабата конкуренција на Ц и Д групите.

Група 1, полуфинале:
Спортинг – Кокс
Алпла – Татран