Жарко Пешевски: Сите ќе го оставиме срцето на терен (ВИДЕО)

Еден од пикерите кои добиваат добра минутажа на ова првенство, Жарко Пешевски очекува добра средба против Чешка, а вели дека тој, Стојанче Стоилов и Никола Маркоски се секогаш подготвени за да го дадат максимумот на теренот. Очекува одличен натпревар, а самиот вели дека пивотите ќе имаат што да покажат.

„Ние пикерите секогаш сме подготвени за да го дадеме максимумот и да го оставиме срцето на теренот. Ќе бидеме подготвени за да им помогнеме на колегите и во нападот и во одбраната и со реализација и со правење на блокади“, коментираше за 24 Ракомет ТВ, пивотот Жарко Пешевски.

Средбата меѓу Македонија и Чешка се игра денеска од 20:30 часот во Арената во Вараждин, а победата и е потребна на Македонија за да може да остане со шанси за пласман во полуфиналето.

Комплетната изјава можете да ја погледнете во продолжение.