Е. Работник со шест од шест, продолжува да доминира

Лидерот во Супер машката лига, Е. Работник продолжи со победите во првенството и веќе има шест триумфи и 18 бода после 6. коло. Битолчани ги пречекаа прилепчани порано од другите и овој меч се одигра два дена пред другите натпревари од колото, а сè беше според очекувањата.

Уште на стартот од средбата битолчани наметнаа силно темпо и брзо дојдоа до 4:0. После тоа беше лесно да ја чуваат високата предност и во ниту еден момент не дозволија ривалот од Прилеп да се избори за нешто повеќе.

Е. Работник, имаше 20:9 на полувреме, а потоа и уште повисока предност во вториот дел така што немаше проблеми во финишот да се одигра смирено за да се завери новата победа.

И на овој дуел во составот на Прилеп беше голманот Тони Димоски, кој е највозрасниот играч во Супер лигата. Тој мораше да помага бидејќи Алушовски е повреден и не може да го чува голот на прилепчани.

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК – ПРИЛЕП         38:24 (20:9)

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Гледачи: 1000. Судии: Михајло и Методија Илиевски од Битола. Делегат: Петре Климкаров од Велес.

Е. РАБОТНИК: Чаневски, Трајкоски, Ивановиќ 10, Ојлески, Марковски 1, Пецаковски 1, Талевски 7, Чурлевски 1, Мемиќ 2, Кузмановски 1, Кукоски, Крстевски 4, Граџан 3, Ѓукиќ 8, Кузманоски, Петровски.

Седмерци: 0/1, Исклучувања: 2 мин.

ПРИЛЕП: Талески 2, Димоски, Шуклески, Орданоски, Трајкоски, Ѓоргиевски 2, Галев, Шокоски 8, Бозароски 3, Ангелоски 4, Чупетрески, Мачевалов 1, Јанески 4.

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 6 мин.