Е. Работник си обезбеди финале во Зеница

Ракометарите на Е. Работник после победата на пријателската средба против Партизан во четвртокот, денеска во полуфиналето на Меморијалниот турнир „Заим Кобилиќ“ во Зеница дојдоа до победа од 30:24 на дуелот против Вогошча.

Составот на Е. Работник одигра нов добар натпревар и дојде до триумф со кој потврди дека ја крева формата пред стартот на новата сезона и како што наближува почетокот така станува јасно дека формата ќе биде сè подобра.

Оваа победа од 30:24 над Вогошча значи дека Е. Работник ќе игра во финалето на турнирот во текот на утрешниот ден, а го чека противникот. Ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу домаќинот Челик и Бугојно, а според квалитетот е за очекување да дојде до трофејот.