Е. Работник се врати со трофеј од Зеница

Екипата на Е. Работник од Битола одигра добар турнир во БиХ и се враќа со трофејот од Меморијалниот турнир „Заим Кобилиќ“ на кој забележаа две победи.

Откако во полуфиналето тимот од Битола беше подобар од Вогошча со 30:24 во финалето го совладаа составот на Млади рудар од Хрватска со 30:21 со што успеаја да се вратат од ова натпреварување со победничкиот пехар.

Е. Работник иако не беше комплетен беше фаворит на овој турнир и тоа го оправда на теренот. Одработи добри средби и ова е секако голем плус пред новата сезона.

Уште поважно е и тоа што Горан Кузманоски, кој е најискусен во екипата беше прогласен за играч на турнирот што само покажува дека со ова екипата добива на уште поголема силина пред стартот на новата сезона до кој има уште две недели.