Е. Работник потпиша со десно крило од Србија

Екипата на Е. Работник во новата сезона ќе има нов ракометар на позицијата десно крило, а се работи за играч кој доаѓа од екипата на Железничар од Ниш.

300x250

Станува збор за Милан Ѓукиќ ракометар кој во минатото го има носено дресот на екипата на Мешков Брест. Играл и за Раднички Крагуевац и за Борац од Бања Лука.

Ѓукиќ има 33 години и тој би требало да донесе искуство плус во редовите на Е. Работник за новиот шампионат во кој екипата покрај тоа што ќе сака подобар пласман од ланското 3. место ќе се бори и за што подолго учество во Купот на ЕХФ.

Фото: RK Eurofarm Rabotnik (Фејсбук)