Е. Работник го чека патешествие до Берген (ФОТО)

Ракометарите на Еурофарм Работник по поразот дома со 22:25 во првиот осминафинален натпревар од Челинџ Купот заминаа на реванш дуелот против норвешкиот Филинген Берген.

Поради лошите конекции со далечниот Берген, кој се наоѓа на северот од Норвешка, „фармацевтите“ најпрво ќе летаат до Осло, односно Сандефјорд, каде би требало да пристигнат околу 21 часот.

По 23 часот, следува пат со воз  до Берген, каде би требало да пристигнат утре рано наутро околу 7 часот. По времето за одмор, тренингот е предвиден во вечерните часови, а натпреварот се игра в сабота со почеток во 16 часот.