Ечеше во „Јане Сандански“ – Ој Вардаре Македонски! (ВИДЕО)

Пред Вардар претстои нов предизвик, мечот на неделата во Лигата на шампионите. Во Скопје денеска гостува унгарскиот вицепрвак Веспрем.

Овој натпревар е особено важен за потврда на второто место на табелата во група А, а поддршката од преполната арена ќе биде од големо значење за вардарци.

Пред стартот на натпреварот, во максимално исполнтетата „Јане Сандански“ ечеше „Ој Вардаре Македонски“ во изведба на легендата на фолк музиката Виолета Томовска.

Погледнете….