ЕХФ ја поправа грешката: Здрахала постигнал 56 гола на ЕП во Хрватска

Најдобриот стрелец на Европското првенство во Хрватска, Ондреј Здрахала го финишираше шампионатот со 55 погодоци и беше лидер на стрелците.

300x250

Сепак, повеќе од две недели после завршување на Европското првенство доаѓа до поправање на грешка направена на дуелот меѓу Чешка и Данска. Голот кој бил постигнат во 52. минута при резултат 24:24 му беше припишан на Јакуб Хрстка. Тоа е грешка на статистичарите, па затоа сега е поправена работата и Здрахала добива гол плус.

Здрахала со овој гол има 56 така што само добива погодок повеќе, а ништо не се менува.

И понатаму Кире Лазаров останува рекордер со 61 погодок на еден Европски шампионат и тоа од 2012 година од Европското првенство во Србија.