ЕХФ со барање до ИХФ: На СП во Египет вкупно 32 селекции

Денешното финале на Конгресот на ЕХФ донесе и порака од страна на првиот човек на европскиот ракомет, Михаел Видерер до претседателот на ИХФ, Хасан Мустафа. Тој беше дециден и упати барање веќе на Мундијалот во 2021 година да се зголеми бројот на репрезентации кои ќе земат учество на турнирот и да има вкупно 32 земји учеснички.

300x250

Видерер како силна карта на тоа барање го има доделувањето на вајлд карти на Германија на Мундијалот во 2015 година и на Норвешка на Мундијалот во 2017 година. Тие тогаш имаа одлични турнири, а со тоа покажаа дека иако не ги минаа квалификациите одиграа квалитетно на завршницата.

Ова сигурно ќе се разгледа веќе на следниот Конгрес, а голема е веројатноста дека ИХФ ќе им излезе во пресрет на европските селекции бидејќи на тој начин ќе може да се зголеми и бројот на репрезентациите од другите континенти.

Веќе е најавено дека Пан-Америка ќе има разделени квалификации односно Северна и Јужна Америка веќе нема да играат заедно за да се квалификуваат на Мундијалите. Оттаму ќе има можност и таму да има повеќе селекции на СП, па по примерот на фудбалот шампионатите би добиле 32 учесника.