ЕХФ потврди: Македонија со највисок ранкинг досега! (ФОТО)

Европската ракометна федерација ги објави најновите ранг-листи на земјите членки. Од сезоната 2018/2019, Македонија за првпат ќе има 3 места во Купот на ЕХФ бидејќи во споредба со минатата сезона напредуваше за една позиција, па од 8 сега се наоѓа на 7 место, најмногу поради бодовите од европската титула на Вардар.

Македонија има вкупно 51,22 бода, а пред нас се наоѓа Данска со 63,33 бода, додека зад нас е Хрватска со 42,25 бода. Ова значи дека нема повеќе македонските екипи да играат во Челинџ Куп. Во реалноста, тие 3 места во Купот на ЕХФ најверојатно ќе бидат 2, со оглед на тоа дека независно која од екипите ќе биде второпласирана во Суперлигата, ќе побара дополнително место во Лигата на шампионите. Колку пак, македонските екипи, се подготвени да играат во Купот на ЕХФ, каде има силни екипи, кои би можеле и во ЛШ, е друга тема.

Во женска конкуренција, Македонија напредуваше за една позиција, но тоа нема да значи поместување во бројот на местата во европските купови.