ЕХФ потврди: Македонија во вториот шешир, можеме во иста група со „коцкестите“ на Червар! (ФОТО)

На 23 јуни во Загреб ќе биде ждрепката за групите на ЕП 2018 во Хрватска, а нашата репрезентација ќе биде во вториот шешир. Тоа значи дека во групната фаза нема да играме против Шведска, Белорусија и Данска.

Овие 16 репрезентации се пласираа на ЕП 2018: Австрија, Хрватска, Шпанија, Франција, Германија, Црна Гора, Норвешка, Словенија, Шведска, Македонија, Данска, Унгарија, Белорусија, Србија, Чешка и Исланд, а ЕХФ ги распредели во четири шешири.

1 Шешир: Германија, Шпанија, Хрватска, Франција
2 Шешир: Данска, Белорусија, Шведска, Македонија
3 Шешир: Норвешка, Србија, Црна Гора, Чешка
4 Шешир: Унгарија, Словенија, Австрија, Исланд

Европската ракометна федерација веќе смести по една селекција во градовите домаќини, па така Хрватска ќе игра во Сплит, Норвешка во Пореч, Словенија во Загреб, а Унгарија во Вараждин. Според процедурата, Македонија ќе дознае каде ќе игра уште во првиот сегмент од ждрепката, кога ќе се влечат сите селекции од вториот шешир. Потоа се влечат селекциите од првиот, па оние третиот и на крајот од четвртиот.

За Македонија ова е десетто големо натпреварување, а седмо по ред. Се почна во 1998 година на ЕП во Италија, продолжи на СП 1999 по што следуваше пауза од десет години за настап на СП 20009. Од 2012 година постојано сме дел од големите натпреварувања.