ЕХФ избра за септември: Кудлач и Лекаи покажаа најдобар ракомет

Плејмејкерите на Битигхајм, Каролина Кудлач и на Веспрем, Мате Лекаи се прогласени за најдобри ракометари во Европа за месец септември. Тие се најдоа пред своите конкуренти во изборот за играч на месецот така што тргнаа одлично во новата сезона.

Кудлач заврши на врвот пред Малин Ауне од Кристијансанд и Марија Гедрот од Баер Леверкузен, додека Лекаи се најде пред Расмус Лауге и Матијас Андерсон од Флензбург.

Она што е интересно е дека Кудлач се врати на терените после паузата поради бременост и игра на истото ниво како и пред паузата.

Лекаи, пак, е во одлична форма и има 31 погодок после четири кола, а воедно дел од нив беа и во изборот за најубави погодоци во некоја од рундите.