ЕХФ-Еуро куп: Шведска се утеши со 3. позиција

Репрезентативците на Шведска мораа да се задоволат со освојувањето на 3. Место на ЕХФ-Еуро купот. Тие уште после првите средби го загубија чекорот со Шпанија и Норвешка, па на крајот решаваа средбите со Австрија околу тоа кој ќе финишира на 3. позиција.

На крајот одлучи само еден гол. Швеѓаните успеаја со триумф од 33:32 да дојдат до два бода и да се најдат пред Австрија на крајот од натпреварувањето. Инаку, Шпанија уште во саботата го заврши купот во своја корист.

ЕХФ-ЕУРО КУП 2020

6.КОЛО

НОРВЕШКА – ШПАНИЈА       30:31

Мирхол 10, Јондал 5, Сагосен 5 – Македа 7, Ентрериос 6, Арињо 4

ШВЕДСКА – АВСТРИЈА         33:32

Готфридсон 6, Ване 6, Петерсон 4 – Билик 10, Фримел 4, Ранфтл 4

ТАБЕЛА: 1. Шпанија 10 бода (186:170); 2. Норвешка 8 (202:173); 3. Шведска 4 (173:193); 4. Австрија 2 (182:207)