ЕХФ Еуро куп: Норвешка ќе го запира европскиот првак Шпанија

Со победата од 34:28 против Австрија селекцијата на Норвешка се здоби со можност да се бори за првото место во ЕХФ Еуро купот 2020 во кој учествуваат трите домаќини и актуелниот Европски првак. Од трите домаќини Норвежаните покажаа најмногу во првите пет кола и ќе имаат можност против Шпанија да се борат за врвот на табелата.

Инаку, Шпанците се гости кај Норвежаните во мечот кој ќе се игра утревечер, па сосема извесно е дека ова ќе биде сериозен испит и за „фуријата“ и за еден од домаќините. За другите два домаќини остана битката за 3. позиција, а тоа е в недела.

ЕХФ КУП 2020

5.КОЛО

ШПАНИЈА – ШВЕДСКА          33:25            

Ентрериос 6, Фигуерас 6, Балагер 4 – Ф. Петерсон 7, Д. Петерсон 5, Ване 5

АВСТРИЈА – НОРВЕШКА        28:34

Вагнер 6, Билик 3, Божовиќ 3 – Јондал 6, Бјорнсен 5, Кристоферсен 5

6.КОЛО

САБОТА, 15 ЈУНИ

19:15ч

НОРВЕШКА – ШПАНИЈА

НЕДЕЛА, 16 ЈУНИ

17:00ч

ШВЕДСКА – АВСТРИЈА

ТАБЕЛА: 1. Норвешка 8 бода (138:114); 2. Шпанија 8 (155:140); 3. Шведска 2 (140:161); 4. Австрија 2 (122:140)