ЕХФ-Еуро куп: Европскиот првак на тест за првото место

Актуелниот шампион на Европа, Шпанија титулата ќе треба да ја брани на првенството кое во 2020 година ќе се одржи во Австрија, Шведска и Норвешка, а со оглед на тоа што четирите репрезентации не играа квалификации имаа група во која секој има по шест средби.

За Норвешка и Шпанија натпреварите завршуваат денеска, а тие практично и ќе одлучат за првото место. Шпанците гостуваат и затоа ова е шанса повеќе за ракометарите од Норвешка, па ќе биде максимално интересно. Дали европскиот првак ќе падне пред силните Норвежани и ќе покаже слабост на неколку месеци пред ЕП ќе се види вечерва.

ЕХФ-ЕУРО КУП 2020

6.КОЛО

САБОТА, 15 ЈУНИ

19:15ч

НОРВЕШКА – ШПАНИЈА

НЕДЕЛА, 16 ЈУНИ

17:00ч

ШВЕДСКА – АВСТРИЈА

ТАБЕЛА: 1. Норвешка 8 бода (138:114); 2. Шпанија 8 (155:140); 3. Шведска 2 (140:161); 4. Австрија 2 (122:140)