ЕХФ го казни тренерот кој расплака ракометарка

Тренерот на Залау, Георге Тадичи во последните неколку денови е во центарот на вниманието, а откако ја расплака својата ракометарка на една средба од првенството на Романија следуваше казна од страна на ЕХФ.

Арбитражната комисија на Европската ракометна федерација му додели казна од забрана за седење на клупата на два меча поради испадите коишто ги имал на првиот дуел од Купот на ЕХФ меѓу екипите на Залау и Кастамону (29:28).

Реваншот ќе биде одигран денеска во Турција, а гостинките нема да ја имаат помошта на својот тренер, кој после испадите на првата средба кога имал големи протести против судиите од Италија, Марко ди Доменико и Лоренцо Форнасие ќе биде на „ладење“ од два меча.

Прашање е дали ќе има санкции и од клубот поради испадите кои ги имаше на домашна сцена.